Благодарници за особен придонес и залагање во библиотекарството, пишаниот збор и литературата добија поранешната директорка на библиотеката „Тане Георгиевски“, Нада Ивановска и Мирјана Златановска, со 39-години стаж, се уште вработена во библиотеката, по повод Светскиот ден на книгата, 25-ти Април.
Иницијативата за промоција на заслужни дејци кои го негуваат пишаниот збор и книжевноста е на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ и се организира за првпат.
Благодарниците беа врачени на промоцијата на книгата „Скротителка на змејовите“ на Дијана Петкова во фоајето на Центарот за култура.