Надлежните порачаа да запрат тепачките на етничка основа

Низата физички пресметки на национална основа, се причината поради која денеска одржа состанок Локалниот совет за превенција. Статистичките податоци на СВР Куманово покажуваат дека од почетокот на годинава се случиле пет тепачки, од кои дури три во мај. Во повеќето се вклучени малолетни лица. Надлежните истакнаа дека овие случаи се пријавени и расчистени и дека не станува збор за алармантна бројка. Додадоа дека целта треба да биде не е само репресивно туку и превентивно делувања, за да се спречи појавата на вакви немили настани.

-Куманово е мултиетнички град со повеќе националности и мислам дека сите заедно мора да замеме учество за спречување на ваквите дејствива. Апел до сите, од СВР Куманвоо, медиуми, сите надлежни инстицуии, верските заедници, локални совети, училиштата, сите да апелираме да нема вакви нарушувања, мора да ја подигнеме свеста кај граѓаните да не се прават вакви кривични дела или прекршоци бидејќи може лесно да имеме поголеми проблеми-нагласи Антон Витковски командир на полициска станица.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски се осврна на меѓуетничкиот инцидент кој што се случил во сабота, по банална расправа во Здравствениот дом, при што се повредени повеќе лица, жена и дете. Тој нагласи дека ваквите физички пресметки се вообичаени во градот, особено во летниот период.

-Имаме прослави, матури, поголем прилив на економска миграција многу често нарушување на безбедноста на самиот плоштад, улиците од разбирливи причини поголема раздвиженост на население, можни инциденти употреба на алкохол во доцните ноќни часови, мојата сугестија беше во овој временски интервал да се зајакне позарникарската служба, превентивната улога на МВР во однос на одржување и контролирање на безбедноста-додаде Дамјановски.

Тој укажа дека локалната самоуправа придонесува за безбедноста на училиштата, каде што има ученици од мешан етнички состав, со тоа што партиципира во ангажман на агенции за обезбедување. Надлежните апелираа граѓаните да не наседнуваат на етнички тензии, и ваквите немили настани да не кревааат таборизации во градот,

-Ние треба како совет да дадеме еден апел до сите граѓани на Куманово да не ја земаат правдата во свои раце, треба да се апелира до нив, ние сите сме луѓе понекогаш и грешиме, но правдата никој не смее да ја земе во свои раце. Настанот од сабота е многу тежок бидејќи се работи за возрасни луѓе, кои ја почнаа тепачката  и потоа некој од нив ја зел правдата во свои раце. Нападот не само што е врз две лица, туку и врз дете, жена-истакна пратеникот  од ДУИ, Реџаил Исмаили.

Присутните порачаа при вакви инциденти навремено  да се извести полицијата, а потоа да се остави надлежните органи да ги расчистат случаите..

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)