Над сто новозаболени од коронавирусот

101 нови случаи на ковид-19 регистрира министерството за здравство во последните 24 часа од 974 направени тестирања. Повеќе од половина од новозаболените се од скопските општини, дури 59, од Липково и Куманово вкупно 12.

Како последица на компликации предизвикани од коронавирусот изминатото деноноќие починале четворица пациенти. 84 годишен прилепчанец починал на Клиниката за инфективни болести, а во градската општа болница „8 септември“ животот го загубиле три лица на возраст од 58, 71 и 75 години.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 10 оздравени пациенти, од Тетово – 8 и двајца од Велес.

Досега во земјата направени се вкупно 32.161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје, при што  потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)