Над 100 лица со попреченост опфатени во образованието

Над 100 деца со попреченост се опфатени во воспитно-образовниот процес во Општина Куманово, истакна при гостувањето во емисијата Став, раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Жика Крстевски. Лицата коишто се со мала попреченост, односно 55 ученици се дел од редовната настава во основните и средните училишта, а оние со поголема попреченост или 47 ученици се опфатени во посебните паралелки при основното училиште Браќа Миладиновци. Согласно законот тие имаат право и на превоз и тоа досега функционирало во најдобар ред. Но како што нагласи Крстевски годинава настанал проблем, поради намалениот број на такси возила во градот.

-Оваа година за тие лица имаме проблем во однос на такси компании кои се доведоа во ситуација да немаат доволен број возила за да можат сите овие училишта да бидат опфатени. Ние имаме 92 ученици кои со дијагноза и изјави од родители имаат право на превозот каков што го предвидува законот. За жал овој еден месец имаме проблем со превозот  до училиштето и назад, правиме напор да направиме нешто и со заеднички превоз за оние ученици кои даваат согласност а за другите мора да се обезбедат 20-ина такси возила -нагласи тој.

Во училштата со лицата со попреченост работат и 19 дефектолози, од кои 11 се во посебните паралелки во Браќа Миладиновци а 8 во останатите основни и средни училишта.

-За жал многу трновит пат поминавме со многу барања и оправдувања дека треба да се вработуваат дефектолозите во училиштата и во градинките, затоа што од таа возраст кога веќе се вклучуваат во системот на образованието треба да се воочат сите недостатоци кои во одреден период можат да бидат отстранети-истакна Крстевски.

Годинава се ангажирани и 13 персонални асистенти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)