Над 1500 бегалци пристигнаа на Табановце

Повеќе од  1500 бегалци меѓу кои и 150 деца пристигнаа со воз денеска напладне на железничката станица Табановце. Премрзнати и истоштени од патот,  а пред се од повеќедневната неизвесност дали ќе успеат да заминат кон земјите на ЕУ веднаш се упатуваа да се стоплат во монтажните објекти , а по пат земаа чај и ќебиња.

-Овој воз е малку поголем, тоа е пред се поради големите гужви кои што се сторија на границата помеѓу Грција и Македонија, сето тоа е дел од штајкот во Р.Грција каде што штрајкуваат морнарите и другите нивни институции, изјави Горан Стојановски, одговорен за Транзитниот центар Табановце

-Им помагаме на мигрантите со топла зимска облека… изјави Драган Манев,волонтер од Велес

Надлежните тврдат дека со одлука на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи , возовите со бегалците се обраќаат исклучиво преку ноќ  поради проблеми на пругата, а не заради штајкот  на такси и автобуските превозници. Според најавите од Македонски железници , на пругата ќе се работи десетина дена , а ноќе ќе се пропушта по еден воз со бегалци. Превоз ќе се врши и преку ден со автобуси и такси возила, вели Стојановски.

Во меѓувреме, во Транзитниот центар се поставуваат дополнителни тоалети и се работи на ископи за јами.

-Се очекува по завршување на тендерската постапка за десетина дена да се изгради централна јама  со запазување на сите прописи во однос на загадувањето на просторот,на  околината и на водата во Табановце.

Надлежните  посочуваат дека на Табановце има доволно објекти подготвени за повеќечасовно престојување на околу 1.000 бегалци , а деновиве ќе бидат поставени уште 23 контејнери со можност за преноќување во нив.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)