Над 2500 места во средните училишта

Во петте средни училишта во Куманово според Kонкурсот  објавен од министерството за образование и наука, во следната учебна година можат да се запишат  вкупно 2.584 ученици.

Во средното техничко училиште  „Наце Буѓони“  можат да се запишат вкупно 714 ученици во 21 паралелка , односно  340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик,  според наставните планови и програми за: машинска струка, електротехничка и здравствена струка , информира директорот Драган Јаневски.

-За медицинска струка како и секоја година имаме најголем интерес и запишуваме вкупно 68 ученици во две паралелки на македонски наставен јазик и три паралелки со настава на албански јазик вкупно 102 ученика. Од машинската струка имаме четигодишно и тригодишно образование. Четиригодишно образование е техничар за компјутерско управување за настава на македонски јазик една паралелка  34 ученици, за настава на албански јазик исто 34 ученика, потоа машинско -енергетски техничар по една паралелка на двата наставни јазика  и тригодишно образование од оваа година имаме нов профил конструкциски механичар и за македонски и за албански наставен јазик по 34 ученика и уште едно тригодишно образование со настава на албански јазик , машински механичар, изјави Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“  Куманово

Во електротехничката струка за наставата на македонски јазик има само четиригодишно образование. Во струката електротехничар –енергетичар можат да се запишат  68 ученици во две паралелки, а исто толку ученици и во компјутерска техника и автоматика. Што се однесува до наставата на албански  јазик , една паралелка електротехничар-енергетичар, компјутерска техника и автоматика – две паралелки  68 ученици и една паралелка  електромеханичар , и тоа тригодишно образование само за настава на албански јазик.

-Имаме уште еден нов смер , електроинсталатер и монтер и со настава на македонски и на албански јазик, по 34 ученици, но за тој смер веќе со години послабо има интерес, така што не беа формирани паралелки претходната  година, за годинава ќе видиме како ќе биде. Техничкото училиште постојано е во подем, последните десетина години во квалитетот на образованиетои за тоа кажуваат и наградите кои што ги освојуваат учениците. Пред три дена беше регионалниот натпревар и ги земавме сите први места , изјави Јаневски.

Во гимназијата  „Гоце Делчев“ ќе можат да се запишат 374 ученици во 11 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на српски јазик).

Во гимназијата „Сами Фрашери“ ќе можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик.

Во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ во прва година ќе можат да се запишат 510 ученици во 15 паралелки ,во земјоделско-ветеринарна струка –7 паралелки, хемиско-технолошка струка  3 паралелки, лични услуги – 102 ученици, 3 паралелки и машинска струка – 68 ученици, 2 паралелки.

Во средното училиште  „Перо Наков“ ќе можат се запишат 714 ученици во 21 паралелка според наставните планови и програми за: економско-правна и трговска струка , 13 паралелки и текстилно – кожарска струка ,  8 паралелки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)