Над 4.000 хуманитарни пакети поделени во Куманово

Општинскиот штаб за заштита и спасување  во соработка со Црвен Крст и припадниците на Армијата, поделија над 4.000 пакети со помош за социјално најзагрозените семејства во Куманово. Пакетите се изготвени со помош на донации од физички и правни лица, повеќе здруженија, но и со сопствени средства на општината. За жал, евидентирани се и злоупотреби од поединци.

-Мора да потенцирам дека тука во одредени моменти имаше и одредени ситни злоупотреби од страна на поединци, но сепак сметам дека оваа помош беше значајна за нашите сограѓани од тие социјални категории и ние ќе продолжиме во рамките на своите можности доколку обезбедиме дополнителни количини и од сопствени средства и од донации ќе продолжиме да дистрибуираме помош. Во овие тешки моменти сите мора да си помогнеме взаемно, а Општинскиот штаб за заштита и спасување всушност ја има таа обврска кон нашите граѓани, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Хуманитарни пакети обезбеди и министерството за труд и социјална политика наменети за самохрани мајки и жртви на семејно насилство во Куманово кои ќе бидат дистрибуирани преку заедничка соработка на Центарот за социјални работи Куманово и општинската организација на Црвениот крст.

Во Куманово ќе бидат опфатени 31 самохрана мајка и десет жртви на семејно насилство на кои им се обезбеди по два прехранбени пакети и по два со хигиeнски средства и дезинфекција. Списоците за семејствата кои што ќе добијат помош се добиени од  МТСП.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)