Над 40 автобуси на вонреден технички преглед

Повеќе од 40 автобуси на четири компании од градов, утрово во шест часот, се испратени на вонреден технички преглед .

Автобусите биле запрени од неколку пункта во градот, а поради акцијата во колапс се градскиот и меѓуградскиот сообраќај.

-Од нашата компанија се исклучени 14 автобуси. Речиси на сите се најдени ситни технички недостатоци и изречена им е казна од по 2200 евра. И другпат имало вакви контроли, но првпат од волку голем обем. Не ми се познати причините, но не сакам да се сомневам дека се работи за политичка одлука, бидејќи во ово случај превезуваме работници и ученици, а не членови на политичка партија за митинг,-изјави Оливер Стафановски, сопственик на Оли-Травел.

Инаку исклучените автобуси се на Јоцо-турс, Оли Травел, Штуз и Глобал.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)