Над 70 семејства неколку дена без струја

Седумдесетина семејства од зградите на улиците Страшко Симонов и Благој Илиев Гуне, лоцирани во близина на Градскиот пазар во Куманово тврдат дека од среда се без струја. Жителите гневно раскажуваат дека иако редовно ги надмируваат обврските, пред неполн месец немале електрична енергија цели пет дена и сега повторно деновите ги поминуваат барајќи начин како да ги задоволат елементарните потреби. Најголем проблем им претставува што  на овие ниски температури, се без греење. Тврдат дека од ЕВН им рекле дека се работи на решавање на дефект на подземен кабел.

-Од среда навечер немаме струја до денеска никако струја нема а пред тоа имаше осум денови како немаше тогаш кебел се менуваше и сега пак дојдоа да копаат кој знае до кога ќе нема-истакна Ванчо Андевски.

-Нашите кабли стари по 50 години, кога луѓето немале силни потрошувачки кабли се ставени, тие сега се тенки, не можат да го издржат ова оптеретување често прегоруваат, имаме проблеми со струја-додаде Благоја Груевски.

Незадоволните кумановци стравуваат дека заради честите дефекти ќе останат без домашни апарати.

-Имам две мали деца, болни се морав кај сестра ми да одам, бидејќи немаа греење, светло. Од ЕВН се јавуваме прашуваме цело време ни зборуваат ќе се среди, никако не се средува, работат и денес но не е сигурно дали и денес ќе биде. Фрижидерите се одмрзнати, телефон нема на што да наполниш, да се јавиш на некога, во тоалет не можеш да заминеш, седиме без ништо во 21 век како да сме во праисториско време-додаде Игор Димовски.

-Од 20 до 26 јануари немаше ниту фаза од таа што дојде преку ноќ мене два телевизори ми се уништија. Едниот изгуби боја, другиот прегоре, лани исто така термо ми се уништи, јас никаде не пријавував, но што е ова-посочи Даниела Цветковска.

Од ЕВН Македонија потврдија дека се работи за дефект на подземен кабел. Портпаролот, Атанас Ковачевски истакна дека пред три дена настанал првиот дефект, односно  прекин во снабдувањето, со оштетување на еден од подземните кабли во напонската мрежа.

– Сите корисници за да можат да добијат побрзо електрична енергија се префрлени на друга напојна точка, најдена е солуција да можат непречено да се снабдуваат, бидејќи се ниски темепратурите и корисниците ги затоплуваат домовите користејќи електрична енергија таа врска е преоптоварена и по некое  време настнал и таму дефект. Од денеска со мерна кола е лоциран во подземниот кабел дефектот. Направен е ископ на земјиштето и сега се приврзуваат врските за да може да се постави нормално снабдување со електрична енергија-нагласи тој.

Ковачевски информираше дека до крајот на денот жителите на Страшко Симонов и Благој Илиев Гуне ќе добијат електрична енергија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)