Над 70 ученици на манифестацијата „Забавна кошарка“

Над 70 ученици од основните и средни училишта од градот викендов учествуваа на манифестацијата „Забавна кошарка“, која се одржа во спортската сала на училиштето „Перо Наков“.

Од основните училишта во машка и женска категорија, најдобар резултат постигнаа учениците од „Вук Караџиќ“, додека од средните на првото место завршија средношколците од „Наце Буѓони“.

Организаторите на настанот, младинскиот кошаркарски клуб Куманово, Сојузот на спортови и Сојузот на училишен спорт, најавија дека до крајот на учебната година е планирано да се одржат уште две вакви манифестации. Целта на настанот е да се мотивираат учениците, да бидат спортски активни, да ја сакаат кошарката и да се забавуваат.

„Благодарност до сите што дојдоа и учествуваа, како и благодарност до претседателите на општинските сојузи, кои ја помогнаа оваа манифестација“-посочи тренерот од МКК Куманово, Мартин Атанасовски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)