Назначен нов командант на „Боро Менков“

Во касарната „Боро Менков“ денеска се одржа  свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Прв механизиран пешадиски баталјон од составот на Прва механизирана пешадиска бригада воедно командант на касарна.

Новиот командант на касарната, потполковник Ердоан Хасан  должноста ја прими од  потполковник Лулзим Нуредини , кој заминува во Здружената оперативна команда.

На свеченоста пред присутните се обрати командантот на Прва механизирана пешадиска бригада,  бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, кој му се заблагодари на  досегашниот командант  за покажаното лидерство, умешноста во командувањето и пренесеувањето на искуството  на поладите, а на новиот командант му посака да продолжи по патот на успехот  и да вложи напор  за понатамошно јакнење на борбената готовност  и дисциплината.

„Постигнатите резултати се доказ дека пприпадниците на оваа единица се вистински професионално посветени на својата професија, одлучни и подготвени во секој момент да бидат во служба на и одбрана на територијалниот интегритети суверенитет на РМ“ – рече досегашниот командант на касарната,  Нуредини.

„Ќе ми биде предизвик да ги следам и надминат резултатите од работата на досегашниот командант, како и воспоставување  и одржување на соработка  со цивилните структури во зоната на одговорноста на единицата“, потенцираше Хасан .

На крајот од воената церемонија следуваше  примопредавање на военото знаме на баталјонот со што се изврши и официјално примопредавање  на должноста, командант на Прв механизиран пешадиски баталјон,  по што  следеше воено дефиле на ешалоните од потчинетите единици на баталјонот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)