Намалена наплата на сметки за вода

За повеќе од два милиони денари месецов е намалена наплата на сметки за вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ сметаат дека граѓаните не ги надмириле сметките за вода, поради стравот од безбедносната состојба во градот.

-Ја користам оваа прилика за еден апел, молба до сите граѓани на Куманово во рамки на нивни можности за плаќање на сметките за вода, затоа што доаѓа летниот период во кој што ќе дојде до зголемување на потреби за вода за пиење и на нас ќе ни бидат потребни средства за плаќање на нашите добавувачи, пред се на Кумановско-липковско поле  за да имаме непречено водоснабдување, граѓаните да бидат задоволни од нашата услуга-изјави директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.

Иако е намалената наплатата, последнава недела, како последица на високите температури е зголемена потрошувачката на вода. Од „Водовод“ очекуваат тој тренд да продолжи и во наредниот период. Инаку директорот истакна дека работат на решавање на проблемот со ЕВН, околу долгот за потрошена електрична енергија. Најверојатно наскоро ќе биде потпишан договор за исплата на повеќемесечни рати и со тоа градот нема да остане без вода за пиење. Од јавното претпријатие „Водовод“ потенцираат дека со редовно собирање на средствата ќе можат и тие да ги исполнат своите обврски кон претпријатијата од кои што набавуваат средствата за работа или пак редовно да ги сервисираат дефектите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)