Намалени гужвите за пасоши

Повеќе од триста барања за издавање патна исправа дневно биле поднесувани минатата недела во Секторот за внатрешни работи во Куманово. Ова најверојатно е последица на настанатата ситуација во населбата Тоде Мендол, па во периодот од 11 до 15 –ти мај бројот на подносителите на барањата беше зголемен дури за четири пати од вообичаената бројка. За да се избегне метеж по ходниците во  полицијата и да не се одолговлекува постапката, во посочениот период, за сликање за патна исправа беа ставени во функција трите базни станици во полицијата и на иницијатива на вработените се работеше двосменски, информираат  од Одделот за Управни работи во СВР Куманово.

Дека управните служби во полицијата навистина биле окупирани од кумановци минатата седмица потврдуваат и од трафиката кај полицијата каде што граѓаните купуваат барања. Оттаму, за пример го посочија минатиот вторник кога според нивните информации биле поднесени дури 330 барања за издавање патна исправа.

Наспроти ова, со стартот на работнава недела, постепено се нормализира работата на службите за издавање на патна исправа, по минатонеделниот наплив од граѓаните.  Вообичаено од 70 до  80 граѓани дневно се заинтересирани за пасош, без разлика дали првпат вадат ваков документ или пак станува збор за редовна замена поради изминат рок. Дека управните служби во полицијата навистина биле окупирани од кумановци минатата седмица потврдуваат и од трафиката кај полицијата каде што граѓаните купуваат барања. Оттаму, за пример го посочија минатиот вторник кога според нивните информации биле поднесени дури 330 барања за издавање патна исправа.

Инаку, постапката е – по поднесување барање, да се закаже термин за сликање за пасош. Граѓаните кои денеска ги сретнавме во полицијата добија термини за 02 јуни. Ова се однесува за оние граѓани кои вадат пасош во редовна постапка. Органот надлежен за издавање на патни исправи , барањето го решава во што пократок рок, а предвидениот  рок  е најдоцна до 15 дена од денот на поднесување на барањето. Праксата во Куманово покажува дека најчесто патната исправа се издава за една недела, односно за пет работни денови. Во случај кога барателот ќе наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Цената на образецот за итен пасош, се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот.

Одделот за управни работи во СВР Куманово очекува наредниот период повторно да се зголеми бројот на подносителите заради  годишните одмори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)