Намалени криминалитетот и сообраќајните незгоди

 

Намален е криминалитетот и бројот на сообраќајни незгоди во првото полугодие од годинава во Куманово. Полицијата регистрирала 573  кривични дела ,  од кои повеќе од половина односно 53 проценти се реализирани. Споредбено со истиот период минатата година станува збор за 19 процентно намалување  на кривичните дела. Гледано по области, најзастапен е класичниот криминал со евидентирани 541 кривично дело.

-Вкупната материјална штета која што ја претпреле граѓаните по однос на овие кривични дела е 59 453 677 денари или поднесени се 280 кривични пријави  против 383 сторители, изјави Игор Митевски, командир на ПС од општа надлежност Куманово

За разлика од класичниот, економскиот криминал и недозволената трговија бележат намалување за три проценти, информираат од СВР Куманово.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)