Намален бројот на новороденчиња во Куманово

На одделението за гинекологија при Општата болница, минатата година се родиле 1.540 бебиња, 60-ина помалку во однос на претходната година. Во 2015 во кумановската болница се родиле 12 пара близнаци. Началникот на акушерското одделение, Нисо Тасов смета дека намалувањето на бројот на новороденчиња, може да биде од различни причини, но не исклучува дека тоа може да биде и породувањето во приватни клиники.

-Низ градот слушам дека нема кој да породува во болницата. Јавноста нека знае, сите жени може слободно и од Крива Паланка и Кратово можат да дојдат тука и да се пораѓаат. Покрај нашиот персонал за време на дежурства ние имаме и стара служба од Државна болница-нагласи тој.

Началникот на акушерското одделение додава дека е задоволен од апаратурата која што ја добиле минатата година. Тој вели дека  е потребно уште да се доуредат просториите за да апаратите се стават на располагање на пациентките.

Освен двата колпоскопи, кумановската болница набавила и хистероскоп, со кој ќе им се олесни на пацинентите, бидејќи нема да ги препраќаат во други клиники.

Тасов нагласи дека не се точни гласините дека деца умираат на гинеколошкото одделение во Куманово. Тој тврди дека повеќето од тие бебиња се родени со мани на срцето или белите дромови, како и поради малата телесна тежина.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)