Нападнат и ограбен кумановец на улица „Индустриска“

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека утрово во 05 часот вработена на бензинска пумпа на улицата „Индустриска“ пријавила дека кај нив има повредено лице. Според пријавата , во близина на бензинската пумпа лицето било физички нападнато од две лица, при што му одзеле пари и мобилен телефон. Полицијата презема мерки за за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)