Наредната недела ќе се врши дератизација

Наредната недела, поточно  во среда, четврток и петок ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово.

Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)