Наредната недела ќе се одржи изложбата „Шарено јајце“

Наредната недела, односно 25-ти месецов, четврток во Центарот за култура ќе се одржи традиционалната манифестација „Шарено јајце“.

Надлежните информираа дека пријавувањето е во тек, а трае до 22-ри. На изложбата можат да се пријават ученици од основните и средните училишта, но и сите заинтересирани повозрасни граѓани.

– Обично имаме интерес од градските училишта меѓутоа неретко учествуваат и децата од поодалечените училишта. Секоја година во просек од 250 до 400 трудови пристигнуваат. Најголем дел од нив се решени како ликовна површина, самото јајце е искористено како ликовна површина. Меѓутоа во дел од трудовите може да се забележи и скулпторски приод каде учесниците на некој начин прават некој вид на скулптура-истакна Роберт Цветковски од Центарот за култура. 

Жири комисија составена од три членови ќе додели повеќе признанија и награди, за колекција и иновација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)