Наредната недела ќе се отвори „Фото салон Куманово 2018“

Во Уметничката галерија, наредната недела, односно во четврток ќе се отвори Меѓународната изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2018-та, која по 12-ти пат ја организира Фото кино клуб ‘Козјак’. На изложбата традиционално учествуваат домашни и странски автори.  Тие може да се претстават  во пет категории  Портрет, Природа, Слободна црно – бела, Слободна колор и тема Фотожурнализам која оваа година е посветена на мајсторот на фотографија Живко Јаневски.

-Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати-стои во соопштението од клубот.

Инаку на натпреварот учествуваа 124 автор од 40 земји од целиот свет.  Жирито во состав Глигор Максимовски(Македонија), Раша Милоевиќ (Србија) , Филип Илиевски (Македонија) доделија 69 награди во пет категории и главната награда за најдобар автор на изложбата.

Инаку најстарата меѓународна изложба во државата започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот. Изложбата ќе се отвори во 19 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)