Народниот правобранител: Не се наплаќа за издавање на сведителствата

Народниот правобранител, и годинава констатира дека продолжува праксата дел од училиштата неосновано и надвор од закон да им наплаќаат на учениците за издавање свидетелства за завршено образование, соопштија од Кабинетот на Народниот правобранител.

–Народниот правобранител повикувајќи се на уставно загарантираното право на образование кое согласно законската регулатива е задолжително и бесплатно, укажува надлежните органи – Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат веднаш да ги предупредат училиштата дека не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ, и да ги санкционираат сите субјекти кои. ќе го сторат тоа, односно ќе го прекршат законот, велат од таму.

Коментари

коментар(и)