Наскоро неколку мини детски игралишта во градот

Лулашки, клацкалки и други детски реквизити ќе бидат поставени на веќе постоечките игралишта и на нови локации во поголемите населби во градот, истакна на последната седница на Советот, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.  Избран е економски оператор и наскоро се очекува поставувањето на реквизитите.

-Во тек на минатата година од страна на општината и во тековната 2019-та година набавивме вкупно 10 комплети на детски играчки, или сет на лулашки со клацкалка. Ла плaст мислам дека е производителот. Вкупно се потрошени 460.000 денари и во следниот период штом ќе дозволат временските услови ќе се монтираат на сите локации каде веќе има одредени паркови, каде има навика луѓето да доаѓаат со своите деца и да се рекреираат-нагласи тој.

Реквизитите ќе се постават на веќе постоечките игралишта на градскиот кеј, во двата паркови Соколанскиот и Стариот градски парк, а нови игралишта ќе има и во населбите „Зелен Рид“, „Иго Тричковиќ“, „Тоде Мендол“, населби со најголем број жители во Куманово. Граѓаните, пред се  родителите  постојано бараа општината да инвестира со поставување на нови реквизити на детските игралишта, бидејќи на постоечките мини игралишта, речиси сите реквизити се уништени и дотраени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)