Наскоро нов Хируршки ургентен центар

Со отворањето на новиот Хируршки ургентен центар во општата болница ќе се обезбеди подобар пристап за пациентите, адекватна здравствена заштита , поквалитетна услуга односно здравствената услуга ќе биде на едно место и нема да се препраќаат пациентите до рентген дијагностика. Во новоизградените простории  првпат се отвораат и во исто време активно ќе работат пет хируршки сали, информираат надлежните од болницата. Градежните работи привршуваат и наскоро Куманово ќе добие комплетно нов објект. Од оваа инвестиција придобивка ќе имаат над 30.000 пациенти кои на годишно ниво гравитираат во Ургентниот центар, со посебен акцент на хирургија, урологија и ортопедија.

-Очекуваме еден убав простор каде што ќе може адекватно да се направи тријажа и третман на итните хируршки болни. Тука ќе бидат сместени амбулантите од сите хируршки гранки и анестезиолошката амбуланта, а исто така и дел од рентген дијагностиката поточно компјутерската томографија и ехо дијагностика. Во моментот правиме напори ако постои можност со адаптација на просторот  да тука наместо комјутерски томограф биде магнетна резонанца бидејќи немаме и нашите пациенти ги упатуваме во Скопје, но доколку не може сепак ќе остане тоа, компјутерска томографија која по сите стандарди и треба да биде во Ургентен хируршки центар. Ние во моментот имаме Ургентен центар меѓутоа не ги задоволува стандардите и просторно ова ќе значи поадекватна тријажа и можност за примање терапија во дневна болница, изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

Хирурзите потенцираат дека последниве две години не само што е зголемен бројот на операциите туку и квалитетот на услугите е на многу повисоко ниво со оглед на тоа што се користат напредни методи и интензивни специфични дијагностички процедури кои што бараат соодветен простор каде што би се извршиле услугите.

Инаку, објектот е изграден од темел со поддршка од Министерството за здравство и Проектната единица за обнова и реконструкција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)