Наслов: Верниците го празнуваат Велигден

Православните верници деновиве го празнуваат еден од најголемите христијански празници, Воскресение Христово-Велигден.

По тој повод кумановци ги посетуваа православните храмови во кои се одржаа литургии, палеа свеќи, оставаа велигденски јајца и се молеа за мир и благосостојба. Тие се поздравуваа со традиционалниот поздрав Христос Воскресна, Навистина Воскресна.

Велигден се смета за празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, доброто над злото и денот кога Исус воскреснал од мртвите.

Инаку православните христијани денеска го одбележуваат таканаречениот Светол или Велигденски вторник, втор ден по празникот. Денеска продолжуваат гозбите и веселбите на кои се собираат најблиските. Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година.

Во некои села, се одржуваат и свадби, бидејќи постои верување дека денот има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и новоосновано семејство.

Единствената работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)