Наставници и ученици од Маниса во посета на градот

Десетина наставници и над дваесет ученици од средното техничко училиште Мостем од градот Мониса во Република Турција, кое соработува со Наце Буѓони, неделава престојуваат во градот. Се работи за училиште кое е основано за да образува кадри за потребите на индустриската зона на Маниса во која се вклучени 220 фабрики и  50.000 вработени. Тие денеска ја посетија општина Куманово, при што се сретнаа со градоначалникот Зоран Дамјановски, со кого разговараа за образованието, но и економскиот развој.

-Ова е едно од позначајните училишта кое е еминентно бидејќи има огромен број на запишани ученици има голем интерес за ова училиште бидејќи произведува разни профили. Оваа билатерала и промена на искуства со такво компатибилно училиште на некој начин дава резултати за самиот процес во училиштето и Куманово.  Разговаравме и за директорот на економската зона која има една поамбициозна програма во однос на тоа нашата соработка на локално ниво да даде свој економски придонес во однос на имплементирање, директорката, советникот ни дадоа подддршка во тоа имаме многу интересни проекти и блиски до реализација мислам дека со стаблизирање на новата влада и политичките односи во општеството ќе имаме и конкретна реалузација-истакна Дамјановски.

Директорот на средното училиште Мостем го изрази своето задоволство од посетата во Куманово.

-Сакаме оваа сорабтока со Куманово во образованиот дел да  продолжи. Директорката на нашата индустриска  зона исто така ни дава поддршка. Соработката ќе продолжи  и на културно ниво за да се зближат нашите две држави уште повеќе-потенцираше  Мехмед Јидкандер директор на средно училиште Мостем.

Средното техничко училиште Наце Буѓони во 2015 година го потпиша меморандумот за соработка, која предвидува заемно почитување и зголемување на чувствата за мир и пријателство, запознавање со културните вредности и модернизација на наставниот процес, размена на ученици и наставници, како и искуства. Директорката Лидија Михајловска истакна дека е задоволна од досегашната соработка.

-Морам да истакнам дека и во минатата посета на нашите ученици кога беа во Маниса имавме донација од Република Турција, лап топ компјутери 14, сега исто така најавија голема донација од нивното училиште но нема да застане тука, директорката на индустриска зона најави доградба на нашето училиште бидејќи знае дека се соочуваме со тесен простор за изведување на образовниот процес а имаме секоја година се повеќе ученици, затоа таа ја согледа таа наша потреба и веќе сме во преговори за доградба на училиштетот и опремување на кабинетите кои ќе се доградат-изјави Манојловска.

По посетата на општината делагацијата од училиштето посети повеќе значајни објекти во градот, меѓу кои и турската чешма која што неодамна беше изградена,  градскиот базен, средните училишта и случно

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)