Натпревари во сообраќај „Детски семафор“

Oсновци и средношколци денеска беа дел од натпреварите во областа на сообраќајот   „Детски семафор“  во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. На теоретското тестирање што се одржа во просториите на основното училиште „Крсте Мисирков “ учествуваа ученици од основните и средните училишта од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат надлежните.  

– Оваа година на локално ниво ги спроведуваме со тоа што прворангираните три екипи ќе добијат пехари и дипломи за освоено место , а сите училишта и ментори благодарници за учество и придонес во ширење на сообраќајна култура . Од  едукативниот дел и од денешниот теоретски дел можеме да кажеме дека младите генерации ќе имаат добра сообраќајна култура и познавање на сообраќајни правила и прописи , а колку ќе ги практикуваат понатаму останува на кампањите и на сите одговорни кои што се надлежни за тоа да се промовираат и да се јакне свеста кај сите, изјави Виолета Богдановска, Отсек за превенција

Најдобро рангираните на денешните електонски теоретски натпреварувања ќе обезбедат пласман за практичното тестирање што ќе се одржи во понеделник, 20 –ти мај, посочуваат од Општинскиот совет за безбедност.

-Во поединечна категорија ќе реализираме практично тестирање да видиме кои од учениците најдобро ги запознале и ги знаат ги совладале правилата и прописите во сообраќајот преку теренска контрола заедно со секторот за безбедност во сообраќајот при СВР со полицаец заедно ќе имаат прилика да тестираат односно да ги спроведат на лице место правилата и прописите на сообраќајот. Практичниот дел во план е да се реализира на булевар Октомвриска револуција и таму ќе се одржи практичното тестирање на најдобро рангираните ученици од теоретскиот дел. Заедно со полициските службеници при СВР Куманово практичниот дел ќе се реализира со тоа што најдобрите ученици ќе имаат можност заедно со сообраќаен полицаец да извршат контрола на патнички возила и на самите ученици да им направиме контрола да видиме кој најдобро ги научил правилата и прописите во сообраќајот, изјави Бојан Петковски, Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

-Оваа година организатор на оваа манифестација е Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Општина Куманово бидејќи Републичкиот совет годинава не знам од кои причини, но не се организатори. Ние знаејќи дека безбедноста е пред се за граѓаните, младите, децата, сами како и секоја година се решивме да ја организираме оваа манифестација и да продолжи екоја година. Во споредба со претходните  години оваа малку промнивме нешто, нема да има вешто возење со  велосипеди туку ќе одиме со практичен дел, првин теоретскиот дел кој е во електронска форма, и практичниот дел во соработка со СВР Куманово, изјави Африм Емини, претседател на Општински совет

На денешниот Детски семафор, трите првопласирани основни училишта се Браќа Миладиновци, Кочо Рацин и Вук Караџиќ, а основното училиште Саик Коница од Липково ќе добие посебна награда. Од средните училишта најмногу поени освоија учениците од техничкото Наце Буѓони, само еден поен помалку освои гимназијата Гоце Делчев , а на трето место е средното стручно училиште Киро Бурназ. На годинашнаве натпревари учествувале сите шест поканети средни училишта од Куманово и Липково и 15 основни училишта,  посочуваат надлежните

Инаку, натпреварите „Детски семафор“ традиционално се организираат повеќе од 50 години.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)