Натпревари низ училиштата за безбедност во сообраќајот (ВИДЕО)

Отсекот за превенција, како и секоја година, преку креативни форми делува на свеста кај учениците за поголема безбедност во сообраќајот. Во таа насока, екипни натпревари се оддржаа и денеска со 18 учесници од основните училишта во градот.

Најдобрите групи се од училиштата „Браќа Миладиновци“ со освоени вкупо 360 поени, „Наим Фрашери“ со 358 поени и „Кочо Рацин“ со вкупно освоени 347 од можните 360 поени. Најдобар ученик од Општина Ст. Нагоричане е Никола Серафимовиќ од училиштето „Светозар Марковиќ“ со вкупно 119 поени, од Општина Липково е Рига Ибрахими од училиштето „7-ми март“ со освоени 115 поени и од Општина Куманово најдобар ученик беше Анастасија Левковска од училштето „Христијан Карпош“ со вкупно 120 поени.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)