Најголем интерес за техничкото училиште

Годинава рекорден број на пријавени кандидати за запишување во прва година во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ споредбено со претходните години. Вкупниот број на пријавените ученици денеска до 13 часот  е 268 , а најголем интерес има за здравствената струка, информираат надлежните.

-Од тие 268 ученици , за медицинска сестра има пријавено 94 кандидати, а ние запишуваме две паралелки по 34 ученици, односно 68,  електротехничар за компјутерска техника и автоматика има пријавено  77 кандидати, а  и тука примаме две паралелки, односно 68 ученици, електротехничар -енергетичар има пријавено 42 ученика, а примаме две паралеки, техничар за компјутерско управување има пријавено 39 ученици , примаме една паралелка со 34 ученика, машинско- енергетски техничар пријавени 8 ученика, тука има уште простор за пријавување  и во тригодишно образование конструкциски механичар пријавени 8 ученика. Според она што го имаме како искуство ова е бројка која не импресионира, имаме доста ученици пријавено со тоа што за второто пријавување од овие струки каде што има поголем број на пријавени ученици ќе отпаднат и ќе бидат пренасочени во некои други смерови или во некое друго средно училиште,изјави Драган Јаневски, директор на средно техничко училиште „Наце Буѓони“

Идните средношколци резултатите од првото пријавување ќе ги добијат утре. Околу десет часот резултатите ќе бидат истакнати, посочува директорот Јаневски.

-Потоа во рок од 48 часот родителите треба да ги подигнат документите и потоа да ги поднесат во нашето или во некое друго училиште. Второто пријавување е на 24 и 25 јуни, а третото на 01 јули, а резулатите ќе бидат на 02 јули. Во август нема предвидено уписен рок, тоа е уписен рок само за ученици кои што ја повторуваат годината.

Веднаш по техничкото училиште, по бројот на кандидати во првото пријавување е гимназијата „Гоце Делчев“ со 204 идни средношколци. Според објавениот Конкурс за упис во следната учебна година, во гимназијата „Гоце Делчев “ во прва година можат да се запишат  340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на српски јазик. Гимазиското образование нуди шест образовни подрачја, -природно – математичко подрачје (комбинација А) -природно – математичко подрачје (комбинација Б) -општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) -општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) -јазично – уметничко подрачје (комбинација А) -јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) .

Во средното стручно училиште „Киро Бурназ“  во прва година во следната учебна година можат да се запишат вкупно 510 ученици во 15 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик . Деветоодделенците имаат можност да изберат една од струките -земјоделско-ветеринарна струка ,  хемиско-технолошка , лични услуги и машинска струка.

Во прва година во средното стручно училиште „Перо Наков“  можат да се запишат 714 ученици во 21 паралелка. Во економско-правната и трговска струка – 442 ученици, 13 паралелки и во текстилно – кожарската струка – 272 ученици, 8 паралелки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)