(ВИДЕО) „Најдоброто за нашата општина“ утревечер во Куманово

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со караванот на граѓански трибини „ Најдоброто за нашата опшина“. Граѓаните на Куманово утревечер ќе имаат можност од високи партиски функционери на централно  и локално ниво да слушнат за досега спроведените мерки и проекти, но и да ги презентираат нивните потреби и барања.

-Во рамките на караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“, кој започна од 11- ти јуни, Ве покануваме утре, со почеток во 20 часот пред Градскиот базен ќе се одржи граѓанска трибина, на која ќе присуствуваат потпретседателот на СДСМ и министер Оливер Спасовски, градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на ОО СДСМ и пратеник Мартин Костовски, пратеничката Лидија Тасевска како и други претставници од партиското раководството. Почитувани сограѓани, со вашето учество на трибината градиме нова програма и ја создаваме најдобрата кадровска понуда за општината, рече Катерија Пешиќ – Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово

Портпаролката на општинската организација на СДСМ, Катерина Пешиќ-  Бошковска потенцира дека партијата е подготвена да понуди најдобра понуда за локалните избори, најдобри решенија и најдоброто за нашата општина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)