Најмалите изработија честитки за мама

Уникатни рачно изработени честитки ќе добијат на подарок мајките од  нивните дечиња кои што одат на градинка. По повод празникот на жената 8-ми март во сите шест објекти на детската  градинка „Ангел Шајче “ традиционално се организираат работилници за изработка на честитки и други подароци за мајките, а секако дека честитањето на празникот не може да помине без стихотворби  за мама. Годинава бевме дел од работилницата во градинката Развигорче.

– Децата како денеска што ја видовте оваа активност изработуваат честитки за мама, учат песни за мама, стихотворби, заедно со своите учителки изработуваат ѓердани за мама, букети за мама.  Сите изработки децата ги работат во повеќе техники од повеќе ликовни и други материјали, изјави Јадранка Петрушевска, одговорен воспитувач во „Развигорче“

Дечињата со многу посветеност, љубов и желба се трудеа најдобро што можат да ја изработат честитката посветена на мама. За возврат очекуваат бакнежи и прегратки .

Преку реализирање на ваков вид  активности децата ја изразуваат својата љубов кон жената, пред се кон  мајката , но и спрема другите членови од потесното семејство, баба, тетка и слично.

– Со тоа сакаме да ја развиеме свеста за децата за почитување и значењето на семејството и семејните вредности. А на самиот ден на празникот осми март приредуваме пригодна приредба од деца за деца на ниво на објект каде што децата со учени песни и стихотворби испраќаат порака со честитка  за празникот  до сите жени и до сите мајки на светот, изјави Петрушевска.

Освен активностите во установата, согласно програмата за работа на градинките се реализираат  активности и надвор од објектите, како што се посетите на корисничките на услугите на домот за стари лица Зафир Сајто и слично.

Со рачно изработена честитка и пригодна програма дечињата уште вчера им го честитаа празникот  на жената на жените кои што престојуваат во домот за стари лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)