Најпосетени дестинации за Велигден ќе бидат соседните земји

Во пресрет на претстојните празници, кумановци се почесто ги користат слободните денови за одмор и рекреација. Од туристичките агенции во градот велат дека постојат ралични видови на аранжмани, но најпосетувани дестинации се соседните земји: Грција, Бугарија, Албанија и Србија.

-Веќе се во тек продажбите за Велигден и Први мај, претежно се бараат понуди тука поблиску, Бугарија, Грција и, нормално, Македонија, нудат и традиционален ручек и традиционални, да кажеме, манифестации во текот на патувањето, изјави Мери Миновска, сопственик на туристичка агенција.

Кога станува збор за одбирање на дестинација, главна улога за кумановци игра цената и удобноста, а за исполнување на овие услови, граѓаните велат дека се обраќаат во туристичките агенции.

Покрај понудената програма за патувањата низ Македонија, граѓаните ги посетуваат и европските градови, а најпосетувани се: Прага, Виена, Венеција и Барселона.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)