На градот му е потребен центар за сместување кучиња скитници

Ни треба центар за постојано сместување на кучиња скитници за да се справиме со овој проблем, но општината нема средства сама да обезбеди ваква инвестиција, посочи на последната седница на Советот на општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски.

 

Општина Куманово одвојува околу еден  милион денари за постапката со кучиња скитници, но тоа не е доволно за да се справиме со овој проблем, кој е актуелен во целата држава, истакна на последната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање. Тој посочи дека општината работи согласно актуелните законски решенија, односно по пат на тендерска постапка избира оператор, последниве години тоа е ветеринарната станица Тодор Велков, кој го врши заловувањето на кучињата, кои најпрвин се сместуваат во карантин, се набљудуваат, имунизираат, чистат од паратизити, обележуваат и враќаат на заловеното место.

-Од страна на надлежните инспекциски служби имаме задолжени луѓе кои го контролираат како функционира овој процес и постои целосна евиденција на сите заловени кучиња и вратени на место каде се заловени. Се движиме во централното градско подрачје на плоштадот и гледаме кучиња  скитници кои се обележани со маркица ги има во преголем број но за жал согласно законот ние имаме само такви можности а немаме дополнителни капацитети како инситуција да изградиме центар за азил, центар за постојано сместување на овие кучиња-нагласи Димитриевски.

Тој истакна дека за реално справување со овој проблем е потребна изградба на современ центар за трајно сместување и центар за азил на кучиња, но за таква инвестиција општината сама не може да обезбеди финансиски средства.

 

 

Коментари

коментар(и)