На Националното првенство на Србија за младинци и кумановските атлетичарки

Во затворени услови, како што налагаат протоколите, а во организација на Атлетскиот Сојуз на Србија, се оддржа националното првенство на Србија за младинци, на кое зеде учество и нашиот Атлетски клуб Куманово.

На клупско ниво, Куманово го претставуваше Дијана Вукановиќ (17), која настапи на 60 метри слободно и 60 метри со пречки. Во квалификациите за 60 метри слободно, истрча со време од 8,61 секунди и не успеа да обезбеди пласман, додека во второто трчање со пречки, Вукановиќ оствари време од 10,19 секунди.

„Изминатиов викенд, Дијана настапи во две дисциплини, за кои не можевме да го сметаме резултатот во прв план. Таа напорно тренираше секој ден, ама сепак успеа да постави личен рекорд на 60 м со пречки, во првата трка годинава. Во викендот што доаѓа, нашите две атлетичарки повторно ќе се натпреваруваат во Белград, каде ќе се обидат да ги поправат личните достигнувања но и да ги исполнат критериумите за настап на репрезентацијата на Балканското првенство во сала, посочи Филип Колевски, тренер на АК Куманово.“

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)