На петти јуни – акција за собирање кабест отпад

На 5 јуни – Светскиот ден на животната средина, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово организира акција за собирање на кабест отпад на три локации во Куманово, на пункт поставен на паркингот пред Градскиот затворен базен, на  пункт поставен на паркингот пред поранешната фабрика ЧИК и на пункт поставен на паркингот на локалитет „Kошеви” во населбата Гоце Делчев.

Граѓаните можат да го депонираат исклучиво кабестиот отпад од 07:00 до 11:00 часот на посочените пунктови на 05.06.2021 (сабота) и на 12.06.2021 (сабота) , се вели во соопштението од Општина Куманово

Коментари

коментар(и)