На Ромите им треба работа

По повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите, невладината организација „Англунипе“ денеска организираше трибина, насловена „Роми борете се за вашите права“. Претседателот на организацијата, Мерџан Демирали истакна дека последниве години во Македонија постои напредок во образованието за Ромите, но не и за вработување.

-За жал вработеноста е на многу ниско ниво, мала бројка, се надевам дека ќе провладее свеста кај институциите во државата  и ќе започне терминот процентуална застапеност, која што важи во Македонија и таа нели е една мултиетничка држава-наведе Мерџан Демирали, претседател на невладината организација „Англунипе“.

Тој тврди дека во локалната администрација нема ниту еден вработен Ром.

-Во локалната самуправа се присутни луѓе од сите етнички заедници, но нема ниту еден Ром. Ќе се обидеме и не само денес затоа и реков мотото на ова трибина е „Роми борете се за вашите права“-нагласи тој.

На трибината се расправаше и за останатите проблеми со кои што се соочува ромската популација, меѓу кои и за враќањето на Ромите од граничните премини.

-Жално е што само еден ден во година ги потсетуваме сите институции, државата дека нашите Роми се на многу ниско ниво. Би сакала секој ден да се зборува за Ромите за да се подобри, не само да се зборува, туку да се направи за да се подобри состојбата на Ромите-изјави Дилбера Камберовска, претседател на ромската организација на жени „Даје“ .

На трибината беа присутни претставници од локалната самоуправа, ромските невладини организации, образованието и политичките партии.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)