На сила новите мерки за влез и излез од земјава

Стапија на сила мерките што ги воведе Владата за влез и излез од земјава. Задолжителен сертификат за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест треба да приложат домашните но и странските државјани. Лицата кои не поседуваат документ ќе заминат во домашен карантин седум дена.

Времетраењето на карантинот, може да се скрати на пет дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова ќе важи и за домашни и за странски државјани, а трошоците за изолација странските државјани сами ќе си ги покриваат. Исклучок од мерката се домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата. Странските државјани кои ќе транзитираат низ државата ќе можат тоа да го сторат во рок од пет часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излез од земјава.

 

Коментари

коментар(и)