На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Коментари

коментар(и)