На Табановце приведен кумановец

На граничен премин „Табановце“, вчера од слобода бил лишен 26-годишен кумановец, бидејќи при извршена проверка било констатирано дека лицето, по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка, се наоѓа во службената евиденција за издржување казна затвор за сторено кривично дело „прикривање“, информира полицијата.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)