На три локации во Куманово нема вода

Поради дефекти на водоводната мрежа на три локации во Куманово времено нема вода.

Според билтенот на Центарот за управување со кризи, без вода се улицата „Јане Сандански“, месноста викана Стари лозја, а дефект има и на потисен челичен вод Ф406 од П.С. во Бедиње до Филтер станицата.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите, информира РЦУК.

Коментари

коментар(и)