На што се должи зголемената цена на станови во Куманово? (ВИДЕО)

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на седница на Советот на општината истакна дека зголемената цена на новоизградени станови во Куманово главно се должи на пазарната економија, а во помала мера и на зголемените комунални давачки и примената на одлуката на Советот со која се дозволува 50 проценти искористеност на градежната парцела. Советникот Зоран Петрушевски го постави прашањето дали можеби заострените одлуки на Советот на градот придонеле за зголемување на цената по квадрат, што во некои атрактивни локации достигнува и над 800 евра. Димитриевски одговори дека на тој начин се става и некој ред во урбаното живеење и нагласи дека и во иднина ќе ја применува оваа одлука.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)