На 20-ти април ќе се одржи концертот на „Српски вез“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, на 20-ти април ќе се одржи годишниот концерт на Културно уметничкото друштво Српски вез. Концертот ќе се одржи под мотото За наше Куманово. Организаторите најавуваат културен спектакл и бројни изненадувања.

-Оваа година имаме уште поголема желба да покажеме нешто ново во нашиот град. Ни доаѓаат две културно уметнички друштва едно од Хрватска и од Косово и Методија. Тие ќе се претстават со свои кореграфии, ние ќе се претставиме со четири групи, два детски ансамбли, средна група и младинската. Ќе биде интересно, ја користам можноста да ги повикам сите заинтересирани граѓани, да дојдат да видат што направивме во изминатата година. Има едно големо изненадување кое ќе му го приредиме на градот, мислам дека тоа се уште го нема. Тоа ќе биде навистина културен спектакл, бидејќи меѓу останатото мото е За наше Куманово. Годинава и самите знаете дека градот одбележува 500 години постоење-истакна Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)