Невработените користат услуги на Центарот за вработување

Голем број граѓани ги користат услугите кои што ги нуди Агенцијата за вработување на РМ преку Центрот за вработување во Куманово кои што треба да придонесат да се зголеми степенот на конкурентноста и подобро снаоѓање на пазарот на труд на невработените лица. Во текот на изминатата година, повеќе од десет илјади невработени лица ја користеле услугата Помош при барање на работа, информира раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

-10.248 невработени лица ја користеа услугата Помош при барање на работа. Тука се мисли на нивното профилирање, изработка на нивните индивидуални планови, давање на совети за состојбите на пазарот на трудот, како тие би можеле да се препознаат како потенцијални учесници во некоја наша мерка, услуга или обука, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово

Други 711 лица биле  вработени преку услугата Посредување при вработување. Тоа значи дека центарот за вработување во толку случаи посредувал при вработувањето на активните баратели на работа.

-458 лица ја користеа услугата Мотивациони обуки. Преку овие обуки се дава помош на невработените лица при изготвување на нивното CV, мотивационо писмо. 80 лица од редот на активните баратели на работа ја користија услугата Подготовка за вработување и за работа, станува збор за четиридневна работилница на која што на невработените лица преку разни модули им се дава помош како да дојдат до посакуваното работно место и како да го задржат работни место преку соодветна обука за вештни кои што треба да ги поседуваат на работното место, комуникациските вештини, изјави Димитријевска.

Низ услугата , професионална ориентација и кариерно советување како што информираат надлежните , во текот на 2018-та година поминале 80 невработени лица .

Коментари

коментар(и)