Недоволна победа на Куманово за полуфинале во БИБЛ Лигата

КК Куманово не успеја да извојува победа со 13 поени разлика против КК Рилски Спортист од Бугарија. Иако резултатот беше 107-101, тоа не беше доволно за Куманово да си овозможи место во полуфиналето. По реванш натпреварот, кој се одржа вчера во кумановската спортска сала, кошаркарите на Куманово завршуваат со понатамошното натпреварување, а Рилски продолжува да се бори во полуфиналето на БИБЛ Лигата.

Клубот од Самоков го започна мечот со забележителна разлика во однос на Куманово, а предноста ја одржа се до крајот на првото полувреме. Во третата четвртина кошаркарите на Куманово успејаа да ја превземат предноста, се до последните секунди од натпреварот. Финалниот резултат беше неизвесен до самиот крај на мечот, а исходот го одлучи продолжението од пет минути, кадешто кошаркарите на Рилски ја намалија разликата од 12 поени на 6, со што го поставија крајниот резултат од 107-101 и си овозможија шанса за  полуфиналето.

-Вечерашниот натпревар го одлучи неиграње на Филиповиќ, прекрасен играч кој ни е повреден. Слабо скокавме во одбрана и слаба партија пружи денеска Урош Луковиќ со неговата минутажа, вели тренерот на Куманово Страшо Тодоровиќ.

-Видовте и сами, се боревме, но мислам дека пресуден беше првиот натпревар, не смеевме таму да загубиме со 12 разлика и и благодарам на оваа публика што не бодреше, изјави Вукашин Мандиќ.

Според тренерот на Рилски Спортист, Росен Барчовски ,смета дека кошаркарите многу добро одиграле во првото полувреме, а дека многу полошо се покажале во првите минути на второто полувреме.

Како што изјави Јордан Бозов од Рилски, вели дека неговиот тим имал повеќе среќа од Куманово и се надева на добра игра во полуфиналето.

-Допуштивме многу лоши пет минути во второто полувреме, домаќините успејаа да ни земат 10 поени и мислам дека тоа го одлучи натпреварот, изјави Јордан Бозов.

Александар Костоски со 29 поени беше најефикасен во редовите на Куманово, а Бранислав Ѓекиќ имаше 23 поени и 13 скока.

Џулијан Норфлит со 25 поени и Жарко Ракочевиќ со 22 поени, од кои неколку клучни постигна и во продолжениетo од мечот, беа најистакнати поединци во тимот на Рилски спортист.

 

Коментари

коментар(и)