Неколку локации во градот денеска ќе бидат без вода

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека денеска без вода времено ќе биде улицата „14“ во населбата Карпош поради дефекти во водоводната мрежа, СОУ „Перо Наков„ поради дефект на внатрешна водоводна мрежа на училиштето, улицата „Народна Револуција“ („Среќко Пужаљка“) поради сервисирање на водоводен затворач.

Прекини ќе има и на улицата „Ѓорче Петров“ поради изместување на водомер, додека на улицата  „Младен Стојановиќ„ ќе се врши детекција и оспособување на асфалтиран противпожарен хидрант.

Дефекти на водоводна цевка има и во фабриката за преработка на вода (Филтер станица).

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Коментари

коментар(и)