Неколку локации денеска и утре без електрична енергија

Без електрична енергија денеска во период од 08 и 30 до 13 и 30 часот ќе бидат дел од улиците 30 Јули, Стево Филиповиќ, стои во дневниот билтен од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од 08,30 до 14,30 часот струја ќе нема и на дел од улицата Никола Тесла, а нешто подоцна од 09 до 13 часот и на  дел од Ратко Митровиќ, дел од Ѓорче Петров под Магаза, Бранко Радичевиќ, Веселин Маслеша.

Во период од 08,30 до 11,30ч. без електрична енергија ке бидат: дел од Бејтеви ниви.

Во соопштението стои и за најава за прекин на електрична енергија за утре, во период од 08,30 до 10,00 чаот на улицата Вардарска,Пробиштипска и Борис Кидрич. Во период од 08,30 до 14,30ч.дел од Ѓорче Петров-Магаза и од 08,00-11,00 дел од Примакови Ниви.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)