Неколку настани во пресрет на Велигден

Во пресрет на велигденските празници Општина Куманово, преку Фондацијата за култура и спорт, организира два културни настани, традиционалниот велигденски концерт на хорот ,,Св.Нектариј Битолски”, кој ќе се одржи утре во Соборниот храм Свети Никола со почеток во 19 часот.

Наредната недела, односно во среда ќе се одржи Пролетен џез фестивал на Филип Стевановски бенд.  

-Традиционално пред Велигден чествуваме. Минатата година беше хорот Св Злата Мегленска во Занаетчискиот дом, оваа година имаме една мала измена ќе се случи утре, во 19 часот. Ќе настапи хорот Свети Нектариј Битолски, со своја програма специјално посветена во чест на Велигден. Ги канам сите наши сограѓани да бидат дел од ова чествување, програмата ќе биде околу 60-ина минути. После неколку дена во среда во 20 часот, бендот на Филип Стевановски ќе одржи еден концерт, со нивни дела-истакна Нино Величковски, директор Фондација за култура и спорт.

Активностите по повод празникот, како што објасни Цоки Ристовски се дел од редовната програма.

-За информација на граѓаните на општината, овие манифестации се дел од редовната годишна програма, која ја носи Советот на општината, онаа програма за јубилејот 500 години Куманово, за која аплициравме за проектот град на култура, што ни одобри Министерството, тоа се поголеми проекти, 30-ина кои се од поголем обем, за нив побаравме 15 милиони, а министерството ни одобри само 3 милиони денари. Се надеваме дека со ребаланс на буџетот Владата ќе одвои повеќе средства, за да можеме да ги реализираме манифестациите кои се предвидени во чест на 500 години Куманово-нагласи тој.

Од фондацијата за спорт и култура информираа дека на почетокот на мај, 11-ти се подготвува традиционалната детска манифестација „Маскенбал“, кој ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад. Ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта од градот, дневниот центар Порака наша и сите заинтересирани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)