Неколку театарски премиери годинава

-Според годишната програма одобрени се пет претстави, три на македонски јазик и две на албански. Исто така, во октомври планираме да направиме и една наша комедија по повод фестивалот „Денови на комедија“. Очекуваме и две детски претстави до крајот на годината да реализираме бидејќи детската претстaва „Малата сирена“  доживеа огромен успех, така што очекуваме богата продукција во кумановскиот театар оваа година. Пет театарски претстави се финансирани од министерството за култура, а две ние ќе финансираме. Исто така, по повод 500 години Куманово има можност Општина Куманово бидејќи Куманово е град на култура  2019 од тие финансиски средства што се одобрени да ја правиме претставата „Ленче кумановче “ која ќе ја играат актерите од кумановскиот театар и таа ќе биде на отворањето или на затворањето на фестивалот „Денови на комедија“ , со таа претстава, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „ Трајко Прокопиев“

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)