Нема вакцини, се спроведува само ревакцинацијата (ВИДЕО)

Во Здравствениот дом во Куманово продолжува ревакцинација за лицата кои веќе примиле една доза вакцина. Меѓутоа  запре масовната имунизација бидејќи се потрешени сите количини. На овој пункт досега се имунизирани над 15.000 жители од североисточниот регион. Од здравствениот дом од Куманово не прецизираа кога ќе продолжи масовната вакцинација, односно кога ќе пристигнат нови колички. Пунктот и денеска го посетија бројни жители од Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, кои примија втора доза Синофарм. Значаен број од луѓето кои се вакцинираат беа и здравствени работници.

Здравствениот дом од Куманово формираше и мобилна екипа која во домашни услови имунизираше 50-ина неподвижни лица.

– На ист начин ќе се спроведе и ревакцината кај нив, ќе треба кога ќе почнеме со нова доза доколку има нови заинтересирани кои не можат да дојдат, може нивните блиски да дојдат да ги пријават  ќе бидат вакцинирани во домашни услови-истакна Сузана  Атанасовска, лекар Здравствен дом Куманово.

Дел од кумановци коишто ги прашавме веќе примиле вакцина.

Чекав малку да размислам како ќе оди, од таа причина, сега повеќе мислам дека треба и ќе се пријавам-вели еден кумановец.

-Сега примив, се е во најдобар ред-дополнува друг.

Ревакцинацијата во Куманово ќе трае околу три седмици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)