Нема новозаболени кумановци од ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19. Меѓу нив нема новозаболени кумановци, информира министерството за здравство. Регистрирани се и 4 оздравени пациенти, а починати,  во текот на изминатото деноноќие нема, велат надлежните.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, а бројот на активни случаи изнесува 156.

Во Куманово, вкупната бројка е 8.884, а во мометов активни се само  11 случаи.

Коментари

коментар(и)