Нема новозаболен кумановец изминатото деноноќие

Деветмина кумановци се излекувани, а ниту еден новозаболен во нашиот град во изминатото деноноќие регистрира министерството за здравство. Од вкупно 408 лица заболени од Куманово од почетокот на епидемијата, во моментов 44 се активни.

На ниво на државата, Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, најмногу во Скопје  -17. Во изминатите 24 часа, како што информира министерството за здравство, направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје -13, Прилеп -2 и Тетово -7.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 42 лица. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.

Во ГОБ „8 септември” примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани  -18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно седум, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Куманово, Прилеп, Велес и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупно, во болниците во земјава од коронавирусот се лекуваат 118 пациенти.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)