Нема ноќ без прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21.04/22.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 117 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 83, во Крива Паланка 28 и во Кратово 6.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 5 (пет) лица не ја почитувале забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)